За нас

Смиљковиќ ИП е компанија за интелектуална сопственост посветена на обезбедување висококвалитетни правни услуги во сите области на интелектуалната сопственост. Тука го комбинираме длабокото техничко знаење со стратегја за максимално искористување на вредноста на интелктуалниот труд; ги водиме клиентите низ сите фази на градењето на интелектуалната сопственост - од регистрација до комерцијализација.

Катерина Смиљковиќ

Основач и застапник за права на индустриска сопственост

Запознај ги експертите

Гого Рафајловски

Специјалист за трговски марки

Со повеќе од 10 години искуство во работа со интелектуална сопственост, патентирање и консултации за глобални брендови, ја основа компанијата Смиљковиќ ИП со една цел - да им помага на иноваторите и бизнисите во регионот и пошироко со силна заштита на нивната интелектуална сопственост.

Катерина има широко искуство со глобална патентна заштита, Европски патенти, меѓународни патентни пријави, како и детален IP Audit и IP стратегија насочена кон комерцијализација на заштитени иновации.

Гого Рафајловски им помага на стартапите, креаторите и иноваторите во развој да ги заштитат своите идеи и да се истакнат со силни трговски марки и паметни стратегии за интелектуална сопственост. Со повеќе од 15 години искуство и магистерска диплома од областа на IP, тој го прави процесот на регистрирање трговски марки, обезбедување права за дизајн и градење заштита на брендот едноставен и без стрес. Без разлика дали лансирате нов бренд или се ширите на нови пазари, тој е тука за да се осигури дека вашата интелектуална сопственост работи за вас - јасно, ефикасно и со вистинско влијание врз твојот бизнис.