Нашата експертиза

Патенти

Пишување и подготовка на патенти, за да сме сигурни дека вашиот пронајдок е опишан јасно, стратешки и е во согласност со важечките патенти закони.

Поднесување и застапување на национални пријави пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост во Северна Македонија и европски пријави преку Европската Патентна Организација.

Валидација на Европски Патенти во Северна Македонија. Постапка која треба да се комплетира во текот на 3 месеци после објава на Европски Патент за да важи заштитата во С. Македонија.

Поддршка после валидацијата на патентот, вклучува евиденција на издадени лиценци и промена во сопственоста на патентот и годишно одржување.

Трговски Марки

Пребарување за достапност на трговска марка, за да се провери дали вашите трговски марки може да бидат безбедно регистрирани во националните и во интернационалните регистри на трговски марки.

Поднесување и застапување на трговски марки пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост во Северна Македонија и координација со EUIPO, WIPO (Madrid System), и други национални канцеларии, по потреба.

Менаџирање на портфолио од трговски марки, за вашите брендови да останат заштитени во сите валидни јурисдикции.

Консултации за ИС стратегија

IP (Intellectual Property) Audit

Ревизија и детална проверка на Интелектуална Сопственост за да се процени големината, вредноста и ризикот кој постои во вашето ИС портфолио.

Конкурентска анализа, откривање на слободен простор за работа но и потенцијални закани.

Стратегија за ИС заштита, оптимизирана за вашиот буџет, пазари на кои сакате да оперирате и комерцијани цели.

Управување со ризици поврзани со интелектуалната сопственост, вклучувајќи проценка за слобода на делување и градење на план за справување со ризиците.

Лиценцирање и Комерцијализација

Стратегија за лиценцирање на Интелектуална Сопственост, вклучително и подготовка и преговарање за договори за лиценцирање.

Поддршка во трансферирање на технологии, од универзитетски спин-оф компании до индустриски договори за истражување и развој.

Планирање на монетизација, идентификација на можности за лиценцирање или други начини за монетизација на интелектуалната сопственост.

Проценка на пазарна подготвеност, за да ви помогнеме да утврдите кога и како да ја комерцијализирате вашата иновација.

Тука сме за да помогнеме

Разговарајте со нашите застапници денес. Врз база на вашите специфични барања, ќе добиете персонализирана услуга која ќе ни помогне заедно да ја оствариме посакуваната цел.