Национален патент, Eвропски патент или меѓународна патентна пријава?
Каде да се заштити новиот пронајдок - честа дилема на иноваторите што размислуваат глобално. Во овој текст ќе дознаете повеќе за различните типови на патентни пријави и ќе добиете практични совети за носење одлуки при избор на територии.
ПАТЕНТИ
K. Smiljkovikj
9/11/20251 мин читање


Честа дилема на иноваторите - каде да се заштити новиот пронајдок? Под "каде" се подразбира изборот на територии и соодветен тип на патентна пријава.
За да одговориме на ова прашање, ќе зашочнеме од основите и ќе ги објасните детално различните типови на патентни пријави.
Што е патент?
Право на индустриска сопственост со кој се штити одреден пронајдок, на одредена територија и за одреден временски период.
Патентната заштита постои за да ги мотивира иноваторите да ги споделат јавно своите пронајдоци. Во спротивно, зошто некој би го споделил пронајдокот ако секој може да го ископира и притоа иноваторот да не добие никаква економска вредност од тоа. И уште повеќе, зошто да продолжи да иновира? Со патент, иноваторот добива можност за монопол од 20 години на одредена територија и се здобива со право да им забрани на сите останати да го произведуваа и продаваат неговиот пронајдок. Како резултат на јавно споделување на нови пронајдоци, имаме побрз технолошки напредок.
Постојат различни типови на патентни пријави. Секоја со своја специфика и тежина. Во продолжение ќе објасниме три од нив.
Национален патент
Националниот патент претставува ексклузивно право на пронајдокот на ниво на одредена држава. Секоја држава има свој Завод кој ги води овие постапки и, ако се исполнети сите услови за патент, издава решенија за патент на ниво на таа држава. Пример, ако поднесете национална патентна пријава во Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) во Македонија, можете да се здобиете со право на патент само на територија на Македонија. Тоа значи дека ако некој го копира вашиот пронајдок во било која друга држава во светот, немате правна основа да се одбраните. Но ако го копира некој пронајдокот во Македонија, ги имате сите права да се заштитите.
Европски патент
Европски патент се добива со поднесување на Европска патентна пријава во Европскиот Патент Завод (ЕПЗ), во случај кога сите услови за патент се исполнети. Предноста на оваа постапка е тоа што се поднесува само една патентна пријава, а патентот потенцијално може да биде валиден во 39 држави во Европа. Оваа постапка чини повеќе од постапка за еден национален патент, но чини многу помалку од повеќе национални постапки истовремено, кога би се барала заштита држава по држава. Со тоа, Европски патент е најефикасен и најисплатлив начин на заштита на ниво на Европа.
Меѓународна патентна пријава
Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИС), нуди ефикасен начин за поднесување на меѓународна патентна пријава. Кога ќе се поднесе една меѓународна патентна пријава, таа има ист ефект како да се поднесени 158 национални патентни пријави, во сите држави потписнички на договорот на меѓународна соработка. Напомена, меѓународен патент НЕ ПОСТОИ. Постои само меѓународна патентна пријава, за која подоцна треба да се реши во кои држави/региони ќе се продолжи постапката за да се добие патент. Овој механизам е ефикасен особено за случаи каде што сеуште не јасно во кои држави финално ќе се бара заштита, па со меѓународната пријава се одложува оваа одлука за 30/31 месеци. Тоа е доволно време за да се види како ќе се развива бизнисот и технологијата, за да се направи правилен избор на територии.
Како да одлучиш каде да го заштитиш пронајдокот?
Каде што произведуваш - Ако твојата компанија го произведува производот во одредена земја, таму е важно да имаш патентна заштита. Причината е што конкурентите можат да се појават во истата земја и да ја копираат технологијата уште во фазата на производство.
Каде што продаваш - Заштитата во земјите каде што твојот производ се продава е клучна за да спречиш конкуренти да го копираат и да нудат алтернативи на истите пазари.
Каде што имаш партнери - Патентната стратегија не треба да биде насочена само кон сегашноста, туку и кон иднината. Ако планираш да се прошириш на нови пазари или да започнеш нови партнерства, вреди однапред да поднесеш пријава за заштита. Патентите се територијални и ако еднаш го пропуштиш моментот (пример: не си поднел навремена пријава), можеш да ја изгубиш можноста за заштита на тој пазар засекогаш.
Каде што планираш да ги правиш сите три горенаведени во иднина - Патентната стратегија не треба да биде насочена само кон сегашноста, туку и кон иднината. Ако планираш да се прошириш на нови пазари или да започнеш нови партнерства, вреди однапред да поднесеш пријава за заштита. Патентите се територијални и ако еднаш го пропуштиш моментот (пример: не си поднел навремена пријава), можеш да ја изгубиш можноста за заштита на тој пазар засекогаш.
Но, не секој пронајдок е соодветен за патент. Треба да исполнува технички услови за да може се заштити со патент. Доколку е соодветен за патентна заштита - тогаш без двоумење, патентот е многу силна заштита што отвора многу врати во бизнисот.
© 2025 Смиљковиќ ИП. Сите права се заштитени.